Арсовски: Шекеринска го оштетила буџетот!

Радмила Шекеринска е вмешана уште во еден сомнителен тендер, каде што постои сомнеж за проневера на буџетот од над 250.000 евра, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМБЕ Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Имено, Радмила Шекеринска како министер во министерството за одбрана преку јавна набавка набавила 2 тешки машини грејдери за потребите на Армијата на Република Македонија во вредност од 464.853 евра, односно една машина од овие грејдери, еден грејдер има вредност од 232.426 евра. Машините се набавени од српска компанија „Корковадо“, инаку се работи за машини од кинеско производство, како што реков за потребите на Армијата на Република Македонија.

Ова не би било ништо спорно доколку истата машина од истата компанија „Корковадо“ во Србија после само неколку месеци не била продадена на јавна набавка за српска институција во вредност од само 108.000 евра, односно за половина сума помалку од онаа што ја платила Радмила Шекеринска.

Значи, една машина грејдер модел ГР 1605 во Србија чини 108.000 евра, а Радмила Шекеринска во Македонија го набавува за 232.426 евра.

Очигледна е разликата од 132.000 евра по машина или вкупно 264.000 евра за двете машини, кои никој не знае каде завршиле.

Со ова Радмила Шекеринска го има оштетено буџетот на Република Македонија за над 250.000 евра, порача Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e