Арсовски: Корупцијата и криминалот најголем проблем, медиумите предмет на заплашување и притисоци

Извештајот на Стејт Департментот за минатата 2019 година за почитување на човековите права јасно покажува како функционира и работи Владата на Зоран Заев и СДСМ изминатите години, порача на прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Корупција и криминалот на функционерите на СДСМ во владата се најглавниот проблем во Република Македонија, за кој ние како политичка партија говориме целиот изминат период откако Зоран Заев е на власт.

Зоран Заев и СДСМ донесоа само криминал, корупција и рекетирање.

Стејт Департментот во најновиот извештај нотира дека Високата корупција е и натаму голем проблем во државата, а постојат и извештаи каде што државни службеници се вклучени во корупција.

Ова е најглавниот проблем, еден од многуте на оваа влада, рече Арсовски.

Сериозен проблем за човековите права во Македонија претставуваат ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање, што и натаму ја спречуваат ефикасноста на борбата против корупцијата, порача Арсовски на денешната прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e