Арифи – Нема колективни права без правна држава

Етничките и колективни права се многу важни и произлегуваат од Уставот и законите, но треба да се разбере еднаш засекогаш дека доколку нема правна држава, ниту едно право, и граѓанските и колективните, не може да се реализираат, вели универзитетската професорка Беса Арифи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Одговорот на прашањето има две опции. Најпрвин треба да се разбере дека Албанците како заедница во оваа земја повеќе пати се потрудиле да ги реализираат овие свои права, меѓутоа не биле многу успешни во тоа. Па дури и после потпишувањето на Охридскиот рамковен договор остануваат многу отворени прашања. Секогаш е вистинско време за отворање на прашања кои се поврзуваат со унапредувањето на правата на една заедница.

Меѓутоа, јас мислам се погреши малку во однос на воспоставувањето на приоритетите и во самата платформа, бидејќи и во истата се зборува и за правните работи, се зборува и за извештајот на Прибе и реформите кои се поврзуваат со тој извештај, се зборува и за тоа како да се продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство и да се најде решение за монтираните случаи, меѓутоа тие не беа ставени како приоритет.

Мислам дека ова е големата грешка на самата платформа, бидејќи едноставно без да се воспостави еднаш за секогаш правна држава и владеење на правото, ниту едно колективно право, ниту на Албанците, ниту на другите заедници, ниту на кој било друг граѓанин на Македонија не може да се реализира…

Не само со платформата, туку и со одговорот на платформата се овозможи истото, бидејќи ако едноставно една година порано протестиравме против работи кои се поврзуваат со криминалот, со граѓанското општество, со заробените институции на државата, сега темата е целосно сменета.

Тоа што тука треба да се земе предвид начинот на двојни стандарди како се постапуваше кај платформата. Додека за истата преговараше ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ништо од ова немавме и тогаш немаше многу етнички загреана атмосфера. Кога тие не успеаја да коалицираат, топката се префрли на друга страна, сега наеднаш тоа стана етнички проблем“; изјави Арифи за РСЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e