Општина Тетово го разреши директорот на средното земјоделско училиште ,,Моша Пијаде’’, Александар Бачевски, откако на снимките од безбедносните камери се гледа како учествува во толпата што ги напаѓаше пратениците во крвавиот четврток, објави Алсат-М.
Разрешувањето е направено со решение од градоначалничката Теута Арифи.