(Архива) Федерализација: Илузија преку која Груевски си бара спас

Токму Груевски и Ахмети водат кампањи со етноцентрични пораки, а федерализацијата е измислена само за да ја минираат стратегијата на СДСМ за придобивање гласови кај Албанците, велат аналитичари.

Регионализација, кантонизација, федерализација… Врз овие три збора владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја темели изборната камапања, обвинувајќи го лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, дека сака да го промени Уставот и унитарниот карактер на државата. Извори од партијата уште пред еден месец за ДВ потврдија дека тв-изјавите на Заев околу двојазичноста, ВМРО-ДПМНЕ ги смета за „огромен подарок“ и дека изборната кампања ќе ја темели токму на „спасување на Македонија од процеси за федерализација“, со единствена цел: целосно да останат во сенка истрагите и обвиненијата од СЈО за врвот на власта. – пишува Дојче веле.

По еден месец, тоа е реалност.

„Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за ‘спас на државата од федерализација’ ја премина црвената линија која го одвојува евтиниот партиски спин од преминување во зона на опасни игри, кои можат да им наштетат и на меѓуетничкиот мир и  на безбедноста на земјата“, предупредуваат аналитичари.

Според Џелал Незири, истражувачки новинар и аналитичар, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сакаат да ги наметнат етничките прашања како приоритетни во јавната агенда, за да се дефокусира вниманието на нивните поддржувачи од содржината на аферите кои беа објавени од страна на опозицијата.

„Преку претставувањето на другата етничка заедница како опасност за државата и нацијата, се поттикнува стравот и потребата за одбрана од таков вид на илузорна опасност. Во еден таков амбиент, овие две партии кои од 2008-ма година ја сочинуваат владината коалиција, се надеваат дека ќе издејствуваат подобар резултат или евентуална победа на изборите. Истовремено, преку провоцирање на етничките чуства кај гласачите, како и стравот од другиот, овие две партии се обидуваат да ја минираат стратегијата на СДСМ за придобивање гласови кај Албанците“, вели Незири.

Со ширењето на стравот од федерализирање на земјата, целта е и да се демонизира пристапот на СДСМ да понуди решенија, не само за етничките Македонци, туку и за другите етнички заедници, во случајов, за етничките Албанци.

„ДУИ, но и останатите партии на етничките Албанци, се плашат дека партијата на Заев може да им одземе нивни потенцијални гласачи и да се наметне како конкурент во, условно кажано, нивниот претесен политички терен. ВМРО-ДПМНЕ, пак, не сака дополнителниот евентуален контингент на гласови на СДСМ да придонесе ова партија да ги добие изборите. Има многу точки каде интересите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се вкрстуваат, па не е чудно што Груевски и Ахмети водат слична кампања, облеана со етноцентрични пораки“, оценува Незири.

Не го слушнаа“ Артан Груби!

Доказ за ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се огласи по вчерашната прес-конференција на која Артан Груби, носител на кандидатската листа на ДУИ во ИЕ 1, потенцираше дека „клучен столб на изборната програма на ДУИ е токму регулирањето на употребата на албанскиот јазик со другиот официјален јазик и тоа на сите нивоа, во согласност со Охридскиот договор“.

„Со уставните прописи, албанскиот јазик е втор официјален јазик, но повеќегодишното искуство во практика покажува дека двете најголеми македонски партии го прекршиле Уставот, не покажувајќи подготвеност за заокружување на ова незавршено прашање од Охридскиот договор. Македонските партии треба да го спроведат амандманот 5 на членот 7 од Уставот, кој е многу јасен – има потреба од хармонизација на законската регулатива со Уставот“, рече Груби.

ВМРО-ДПМНЕ не отвори дебата за ова прашање со коалицискиот партнер, туку повторно се посвети на напади врз СДСМ.

„Ветувањето за излегувањето од рамките на Охридскиот договор, отворањето на прашањето за воведување на двојазичност и кантонизацијата по урнекот на Швајцарија, се потврда за најавите на Заев дека сака да го менува Уставот на Република Македонија и да го отпочне патот кон федерализација на државата“, обвини пратеничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Трајко Вељаноски.

Целиот текст прочитајте го тука

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e