Апелацискиот суд денеска донесе одлука за продолжување на куќниот притвор на бизнисменот Орце Камчев за дополнителни 30 дена. Иста мерка било одлучено да се изрече и за Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ.
Против осомничените се води случај под кодно име „Империја“, а се товарат за злосторничко здружување, оштетување и повластување на доверители, злоупотреба на службената положба, измама и перење пари.
