Атикорпуциска не застанува на 18-те сомнителни вработувања на јавни функционeри кои одeкнаа во јавнoста, а оттаму отворија предмет. Ќе се проверуваат имиња и презимиња на луѓе во државните и јавните претпријатија 4 години нанaзад, како, кога и дали некој ги вработил?

Додека се крои нов список на сомнителни вработувања за измиантиве 4 години, антикорупциска ја побарала целата документација за петмина вработени во државната ЕЛЕМ. Оттаму, потврдија дека за неколку денови ќе одговорат на кој конкрус, со какви квалификации, и дали биле најсоодветни кандидати ќерката на Талат Џафери, сестрата на министерот Кресник Бектеши, сопругот на државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска, синот на пратеничката Мира Стојчевска, и дедото на генсекот на владејачката СДСМ Александар Кирацовски. За два месеци ќе се знае како ќе заврши истрагата за предметот партиски вработувања, вели за ТелмаИвановска која денеска со целиот состав се сретна со невладиниот сектор.