комисијата за спречување на корупција денеска донесе одлука да побара документација од кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов, за унапредувањата во армијата.
Според членовите на Комисијата, спорно е тоа што унапредувањата се извршени по распишување на претседателските избори. Документација ќе се бара и од Министерството за одбрана, за да се утврди дали назначувањата се согласно законите. Инаку, потписот на Иванов се најде во Службен весник на пет унапредувања и именувања.
Началникот на генералштабот Васко Ѓурчиновски доби титула генерал-потполковник, генерал Мирче Ѓорѓоски е именуван за постојан воен претставник во НАТО, Драган Ковачки стана командант на Првата механизирана пешадиска бригада, Бесник Емини – началник на штаб во Здружената оперативна команда, а полковник Маријо Јуришиќ за воено аташе во Франција.
