Анкетата на Телма покажа: Филипче со најголема доверба во Владата

Во очекување на вакцинацијата против Ковид 19 што треба да стави крај на пандемијата мнозинството граѓани во Анкетата на Телма и МЦМС се изјасниле дека не веруваат во здравствените власти дека имаат капацитет да ја спроведат. Или 60,5 отсто од испитаниците сметаат дека здравствените власти нема да можат навремено и и ефективно сите да ги вакцинираат. Сепак третина  или 34,7 отсто веруваат во капацитетот на здравството, додека 4 отсто немаат став за ова прашање, пренесува Телма.

Истражувањето е спроведено од М- Проспект во периодот од  16 до 24 декември, преку телефонска анкета, на репрезентативен  примерок од 1000 испитаници, со маргина на грешка е +/3%  и на ниво на доверба од 95%.

Во најновата анкета на Телма и МЦМС  министерот за здравство Венко Филипче има највисока доверба од граѓаните во споредба со други министри во Владата, а и најдобри оценки целата Владата добила токму во справувањето со пандемијата.

Целосната анкета за  перцепцијата на граѓаните за справувањето со Пандемијата со Ковид 19  и дали доброволно ќе се вакцинираат, ќе  биде презентирана и анализирана во вечерашното издание на Топ Тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e