Со цел информирање на политичките партии и граѓанското општество за јавното мислење, Националниот демократски институт (НДИ), со финансиска поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој, ја спроведе првата од серијата од три анкети изработени во март 2017 година.
Согласно објавените резултати 51 насто од испитаниците сметаат дека СДСМ и партнерите имаат легитимитет да владеат, а 59 насто се за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.
Според испитаните граѓани порастот на економијата, ставање крај на политичката криза, вработување, обединување на земјата и владеењето на правото треба да бидат првите пет приоритети на новата влада.
За повеќе информации од анкетата, како и методолигијата на истражувањето во целост прочитајте тука