Анѓушев за замрзнувањето на рамниот данок: Не сум влијаел на одлуката

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција наменета за Законот за финансиска помош пред новинарите рече дека како сопственик на компании немал интерес и не влијаел да се замрзне прогресивниот данок до 2023, односно до тогаш да се вратат рамните стапки.

– Немав никакво влијание на враќањето на рамниот данок. За тоа беше направена анализа дали се оправдани ефектите од прогресивниот данок. Истата ја видов на владината седница на која беше презентирана и беше одлучено да биде прифатена, рече Анѓушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e