Андов: Нема простор за колебање околу изборот на Џафери за претседател на Собранието

Талат Џафери нема да биде првиот Албанец кој би бил претседател на Собранието. Оваа функција во последните пет години пред плурализмот ја зивршуваше Вулнет Старова, Албанец, прв човек на Собранието од 1986 до 1991 година, во време на Социјалистичка Република Македонија. Неговиот наследник, по првите парламентарни избори беше Стојан Андов. Тој  за Алсат М вели дека стаса ваков предлог, не би требало да има простор за колебање.

„Етничиот предзнак не значи ништо, никаква пречка не е тоа, бидејќи ние досега сме имале Албанец, претседател на Собранието. Тоа е почитуваниот, наш, чуен педијатар, Вулнет Старова кој беше пред мене. Кога заврши неговиот мандат, па во новото повеќепартиско Собрание бев избран јас. Така да, тоа не може да биде пречка, не сметаше ништо, беше одличен претседател и верувам и Талат Џафери ќе биде, тоа не може да му биде пречка. Сега, ако политички сметаат дека е неподобен, кај Талат Џафери исто е проверено. Колку што знам ја има довербата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи беше министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, оценува Андов.

Инаку, Џафери не би бил ниту прв кандидат Албанец за собраниски спикер по осамостојувањето, бидејќи во 2000-та година на предлогот Стојан Андов да биде претседател на законодавниот дом, социјалдемократите го номинираа Абдурахман Халити  од ПДП. Мнозинството гласови ги освои Андов, но остана запаметено дека пратеници Македонци поддржале Албанец да стане прв човек на Собранието.

„Тогаш јас бев кандидат и Алити, меѓутоа Алити  многу се мислеше дали и воопшто да се кандидира, и самиот беше уверен дека овојпат штом сум кандидат треба да бидам избран. Инаку ќе беше и он одличен претседател, Алити беше одличен во секој поглед“, додава Андов.

Андов тврди дека клучна работа е собранискиот претседател да знае да си ја врши својата работа, а според него Џафери има повеќегодишно искуство во Парламентот.

Талат Џафери е поранешен офицер во АРМ, кој подоцна премина во ОНА. Од Никола Груевски беше поддржан за министер за одбрана – една од клучните стратешки функции за одбрана на Македонија, која сега, според ВМРО-ДПМНЕ е загрозена.  Д

одека Џафери во февруари 2013 ја даваше свечената министерска заклетва во Собранието, првиот што стана на нозе беше Никола Груевски – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партија  која во последниов период ги негира сите барања на Албанците и се залага за зачувувањето на унитароста на Македонија, токму од Албанците. На чело на одбраната  Џафери остана до јуни 2014.   Доколку идната недела Џафери биде  предложен за претседател на Собранието, за да стапи на функција тој треба да освои просто мнозинство гласови, односно најмалку 61 пратеник треба да гласа за негов избор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e