Андов: Јордан Мијалков влезе кај мене со оружје за да го спречи референдумот

Работите што ги кажа во интервјуто на Телма поранешниот директор на УБК, Слободан Богевски, придонесоа за да покаже начинот на кој се владее во земјава, вели Стојан Андов.

– Со работите што ги кажа Богоевски, даде круцијален придонес за да се дополни сликата за тоа како се владее во Македонија. Стручно ги образложи работите што ги чувствувавме. Јордан Мијалков се обидуваше да го запре референдумот во Македонија. Јас во мојата книга пишувам дека тој вооружен ми влезе во канцеларија, тоа што го зборуваше Богоевски се вклопува во тоа што јас го знаев – вели Андов.

извор: Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e