Најверојатно в среда, според извори на Алсат М, ќе се гласа за замениците-министри откако претходно коалициските партнери ја договорија распределбата на местата. ДУИ ги добива замениците во одбрана, внатрешни работи, финансии и образование. Алијансата за Албанците ќе има заменик-министер за труд и социјална политика и за транспорт и врски. Експертите сметаат дека не се проблем позициите, туку кадрите кои албанските партии ќе ги предложат.
4 државни секретари ќе бидат од редовите на ДУИ, и тоа во Министерството за култура, земјоделство, информатичко општество, и секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Алијансата за Албанците ќе има два државни секретара, кои според неофицијалните информации ќе бидат во МВР и во Министерството за правда.