Нови избори не се во интерес на граѓаните и поради тоа треба да се избегнат, смета Рафиз Алити од ДУИ.
Тој за ТВ 21 зборуваше за можните опции и можните коалиции, нагласувајќи дека во интерес на земјата е што побрзо да се состави нова влада.
„Камен на сопнување во преговорите со ДУИ беше барањето за воведување двојазичност на цела територија на Македонија“, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, по изјавите на ДУИ дека партијата на Груевски ги прифатила сите нивни барања, освен продолжување на мандатот на СЈО.
Милошоски вели дека преговорите 10 отсто биле посветени за мандатот на СЈО, 80 отсто за албанскиот јазик и 10 отсто за други теми.
Според него преговорите главно пропаднаа поради јазичното прашање. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов вчера изјави дека нивните очекувања се повратниот одговор од ДУИ да бидат потписите за состав на владата.