Алијансата за Албанците ќе ги гласа измените на Уставот откако премиерот Зоран Заев по средбата со Зијадин Села прифатил некои од барањата. Промени ќе претрпи преамбулата на Уставот, поточно ќе се избрише делот „дел одграѓаните кои што живеат во границите“ Албанци, Турци…
Заев објасни дека според таа формулација, излегува дека тие привремено живеат во Македонија и оти со бришењето на зборовите „кои што живеат“ ќе се избегне чувството кај Албанците и другите заедници дека живеат привремено во земјава.
Премиерот рече дека од преамбулата е тргнат и зборот „граѓаните“ кој два пати се споменува.
-Прифатено е предлогот да се тргне делот „ кој што живее во границите“ за да не остави впечаток дека граѓаните Албанци и други се како времено да се тука. Го тргнавме и другото „граѓани“ има дуплирање на „граѓаните“ во Преамбулата. Граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанкиот народ, турскиот народ… ќе биде конечната формулација во Преамбулата, рече Заев.
Заев рече дека го отфрлил барањето на Беса за албанскиот да биде втор службен јазик во Македонија.
