“Имам чест и задоволство, во име на сите нас при Демократската унија за интеграција и во мое лично име да ги изразам нашите искрени честитки по повод светиот празник Божик. Почитувани сонародници, браќа и сестри Албанци од православна христијанска вера, овој празник на надежта и вербата не наоѓа во момент кога во Собранието на Република Македонија, сега веќе, имаме и еден пратеник православен Албанец. Со гордост го нагласувам овој факт како еден пример на нашата вековна традиција на хармонија, почит и братство. Со надеж и доверба дека оваа година ќе биде година на меѓуалбанската соработка, ви посакувам среќен Божик, здравје, благослов и среќа во вашите семејства“, напиша во честитката Ахмети.