Алексов: Со ФИТР работиме на подобрување на законските услови за стартап компании

Од почетокот на септември во центарот на Скопје функционира центарот MKstartups Space наменет за настани, вмрежување и едукација на иновативните претприемачи. Центарот се наоѓа кај автобуската станица Рекорд, и е под водство на Асоцијацијата Стартап Македонија со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

Стартап Македонија активно го развива македонскиот стартап и иновативен екосистем веќе 3 години. По тој повод ви пренесуваме дел од интервјуто со првиот човек  на асоцијацијата Дејан Алексов за порталот Стандард.

Центарот MKStartups Space е отворен веќе втор месец. Дали центарот е навистина место каде се раѓаат, елаборираат и дебатираат идеите на стартап заедницата?

Во изминатите 2 месеци во MKStartups Space активно се одржуваат различни настани и се спроведуваат иницијативи.  Беа одржани предавања на теми како интелектуална сопственост, GDPR, и сл., се тестираше прототип на нов продукт, редовно се одржува funky co-working . MkstartupSpace е “од стартап заедницата – за стартап заедницата” што значи дека овој центар е отворен за да се гради заеднички и постепено врз основа на feedback и допринос од сите кои што се дел или сакаат да бидат дел од нашиот стартап екосистемот.

Всушност просторот го отстапува ФИТР со што, го демонстрира првиот чекор на поддршка кон иноваторите. Како ја оценувате соработката со ФИТР?

Со ФИТР соработуваме неколку години наназад, so it is not our first rodeo. Повеќегодишната соработка се должи на одличната комуникација со тимот во Фондот и довербата која ја стекнавме меѓусебно. Со нив работиме на повеќе активности кои се протегаат од поддршка на настани (како минатогодишниот настан за глобалната недела на претприемништво, кој што ќе се оддржи и годинава до изготвување на предлог измени во законската регулатива и лобирање со цел подобрување на законски услови за стартап компании.

Интервјуто во целост прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e