Ако гласаме за ѓаволот, ќе го задржиме пеколот

Во насловот на „Лос Анџелес Тајмс“ стои – „Трамп како кандидат силно удирал по Ферералните Резерви, но како предстедател ќе треба треба да капитулира пред нив“. Ова е доволна порака за тие кои се самозадоволуваат со победата на Трамп. Во САД со избори не се менуваат важните стратегии туку наважните политики. Кој и да победи, системот содржи бројни имунолошки механизми за заштита од будали кои по некоја случајност постануваат важни. Тука не мислам само на Конгресот кај што Трамп не е многу пожелен ниту кај бројни негови републиканци, туку и на многу други клучни играчи кои невидливо ги влечат конците. Тука се – Федералните Резерви, петрол-индустријата, воено-индустрискиот комплекс, Вол Стрит, Кох Индусри, Ексон Мобајл, Шеврон, Маратон Оил, а да не зборуваме за Бретон Вудс и слични финасиски светски гиганти.

Веднаш по завршвањето на изборите, од сајтот на Трамп исчезнаа „забраната за влез на Муслимани“, а и здравствените реформи на Обама не биле толку лоши, иако низ целата кампања ветуваше дека целосно ќе ги укине. Интересно што светот падна во шок и кога во осумдесететти години на минатиот век на избори во САД доби „кауобојецот“ Роналд Реган, ама тој станал најуспешен претседател по војната. Но, популистите од демократските држави се свесни за блокадите, па затоа тие во текот на мандатот настојуваат да се прикажаат како успешни во важни полиња од општеството, за да лагите им бидат простени. Тие знаат дека таму само еднаш можете да ги излажаете гласачите, за разлика од Груевски и Ахмети, кои само по некоја грешка може да ја кажат вистината. Уште повеќе, кај нас е изграден цел институционален систем за масовна превара и лага.

Се радувале овдешните неуки дека победата на Трамп е истовремено е и нивен спас од загубата! Дека е спас за злосторничкото здружување во кое се опфатени водачи на партии и државата, министри, други јавни функционери, судии, обвинители, новинари и медиуми, кои ќе треба да одговараат за тешки злодела. Но, во Трамп гледаат барем како на надеж, исто како што лисицата со денови го бркала овенот мислејќи дека ќе му паднат тестисите (мудата), па да се прејаде. Геостратегијата на САД не се прави со умот на Груевски и Ахмети – пет години ќе го лажеме Западот, а потоа пет години Путин, а дотогаш грабежот ќе стаса на пет милјарди евра. Грабеж од историски размери што е несфатливо и за болни клептомани.

Во САД не се води држава со логиката на наредните избори, туку на наредните генерации. Генерации кои нашите лудаци или ги избркаа или ги задолжија до седмо колено, соодветно клетвата на Ѓоле.

Целосната колумна на Мерсел Биљали прочитајте ја тука

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e