Ако ДУИ прави влада со ВМРО-ДПМНЕ, Албанците ќе излезат на масовни протести

Антивмровското расположение кај албанските граѓани кулминира, па ако ДУИ коалицира со ВМРО-ДПМНЕ за да прави нова влада Албанците се спремаат за масовни протести, пренесува порталот Плусинфо.

Иако околу преговорите во јавноста нема никакви официјални информации и сите партии велат дека преговорите ќе почнат кога претседателот Ѓорѓе Иванов ќе го даде мандатот за формирање влада, за што рокот е до 9. јануари, сепак факт е дека се водат тајни преговори. Според шпекулациите, претставници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денови имаат интензивни средби.

Дека во тек е обид на ВМРО-ДПМНЕ да формира влада со ДУИ говори и фактот што Иванов го одлага давањето на мандатот за формирање влада и наверојатно ќе го чека последниот рок, понеделник. Од неговиот кабинет и денеска со одговор дека претседателот ќе ги почитува роковите утврдени со Уставот и законот.

Според нашата правна регулатива, прво треба да му се додели мандатот на лидерот зад кого стојат најголем број пратеници. Во согласност со уставните и законските одредби, ако тој во рок од 20 дена не успее да состави владина коалиција поддржана од најмалку 61 пратеник, мандатот ќе му се додели на лидерот на партијата со втор најголем број освоени пратенички места. Ако и тој не успее, ќе биде преседан во земјава да не може да се формира влада по изборите. Во многу држави (меѓу посвежите примери се Грција и Бугарија) ваквите ситуации се решавале со распишување нови избори. Законски, Собранието може да го стори тоа, треба само да донесе одлука да се самораспушти.

Лидерот на СДСМ пак, Зоран Заев е цвсто убеден пак дека времето на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски е завршено и дека токму тие ќе формираат влада. Останува да се види што ќе се случува на политичката сцена деновиве кои во секој случај ќе бидат полни со неизвесност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e