Ако Ахмети направи коалиција со СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ во иднина ќе го избрка од штабот на партијата

Сега кога ВМРО-ДПМНЕ е победник, и одвнатре и однадвор се заборава на принципот победник со победник. Сите треба да знаат дека ако еднаш се прекрши тој принцип, истото ќе стане неповратлив процес. Затоа што не може тој принцип да важи по потреба, само кога на некој друг му одговара, и тоа веќе не е принцип.

Доколку сега се отстапи од тој принцип, и  свесно се прекрши, секој еден кој во иднина кога ќе се сменат околностите, ќе помисли да дојде и повторно да се обиде да не убедува да го воспоставуваме тој принцип, треба да знае дека без дискусија ќе биде избркан од штабот на партијата, а партијата ќе коалицира со кого ќе отцени дека е најдобро за самата партија и земјата, како што е и во другите држави, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.

Од текстот може да се заклучи дека најверојатно се мисли на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со кој заедно во во 2008 година го потшишаа таканаречениот интерен “Мајски договор” кој ниту е уставна ниту законска категорија.

Во Уставот се вели дека влада формира тој кој ќе обезбеди мнозинство во парламентот, а не тој кој ќе има најмногу мандати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e