Денес Форумот на жени на СДСМ од Крива Паланка по повод 19-ти Ноември, Светскиот ден за превенција од насилство врз децата и 20-ти Ноември, Светскиот ден на децата, спроведоа акција под мотото ” Стоп за насилството врз децата” со делење на флаери на градскиот пазар.
Целта на акцијата била како што велат да порачаат да се почитуваат детските права, да се унапреди благосостојбата на сите деца, како и да се заштитат децата од злоупотреби и насилство. Секое дете заслужува да има безгрижно и среќно детство.