Овие денови за време на преговорите околу формирање на новата Македонска влада, мнозинството наши граѓани поради напливот на лажни информации со право беа вознемирени од можноста ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно да формираат каква таква влада.
Оваа вознемиреност се чувствуваше насекаде околу нас, иако фактите и вистинските информации го кажуваа токму спротивното, дека мандатарот не може да го обезбеди потребното мнозинство за да формира влада, што и навистина се случи. Членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ за да се држат во кондиција беа најбезобзирно лажени и манипулирани уште по завршувањето на изборите, демек Али Ахмети и Груевски веќе имале договорено коалиција и таа требало да се верификува на Собраниска седница на 28 јануари 2017 (сабота).
Кога тоа не се случи повторно се измислуваа жолти комбиња, па некој од странците упаднал во Мала Речица и им ја растурил толку посакуваната коалиција, па измислуваа дека Груевски ја одбил коалицијата зошто несакал да му ги исполни условите на Али Ахмети и многу други измислици и будалаштини кои и самиот ахмети беше принуден да ги демантира. Но ништо од ова не е точно. И уште ги лажат.
Информациите кои ги имаме говорат дека се што сакаше ДУИ беше прифатено од страна на ,,големите патриоти,, во ДПМНЕ, освен некоја модификација на начинот околу продолжување на мандатот на СЈО и друго ништо не било одбиено. Сигурен сум дека ДУИ еден ден ќе го покаже ова документирано и потврдено. Ова треба да им се каже во лице за да не ги манипулираат граѓаните со наплив на голем патриотизам.
Но зошто го кажувам ова и зошто е важно. Затоа што се работи за патологија на едно владеење. И ова треба исто така да им се каже во лице. Во 2014 година се повлеков од партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ под налетот на една разулавена политика која земаше се поголем замав по Локалните избори во 2013, и се закануваше сериозно да го доведе во прашање опстанокот на оваа земја. Не сакав и не можев да бидам дел од вакви структури затоа што поинаку ја разбирам политиката и поинаку сум воспитан. Но зошто велам патологија на едно владеење.
Оние луѓе кои гледаат од страна а не биле во овие структури, не можат да ја разберат вистински оваа заслепеност и фанатичност на вмровското членство. Овие луѓе, мислам на членовите и симпатизерите, десет години силно се индоктринираат и се заглупуваат со некоја омраза и страв од сите други кои ,,Ќе им го земат местото,, како што ги лажат постојано.
Партиските состаноци ги почнуваат со реченицата ,, Знаете ли што ќе ви направат СДСМ ако дојдат,, абе ќе ве бркаат, ќе ве фрлаат, ќе ве јадат, затоа борете се за себе, тепајте се за себе, идете на улица за себе, ете вака почнува секој состанок. Оние пак кои нема да подлегнат на овој реакционерен вознес ќе подлегнат на закани, притисоци, и страв. Ете така функционира внатрепартиската демократија во ВМРО-ДПМНЕ. Но тоа нема врска со демократија и со политичка партија, тоа е како во некоја секта, ништо поразлично. Барем да научеа нешто од ДУИ. Тешко може нормален човек да го издржи ова понижување. Токму поради оваа силна индоктринација и масовна корупција на разни слоеви од населението тие создадоа и свои медиуми, свои новинари, свои професори, свои судии, свои адвокати, свои попови итн.
Целиот текст на М-р Глигор Стоименов прочитајте го тука