Лидерот на ДУИ Али Ахмети ветува дека нема да ги разочара Албанците со одлуката со кого ќе влезе во коалиција за состав на новата влада, но не прецизира дали изборот ќе биде ВМРО ДПМНЕ или СДСМ. Негира дека има некакви преговори ниту со Груевски ниту со Заев.
– Ќе им кажам на сите Албанци во Македонија да не стравуваат. Конечната одлука ќе ја одразува волјта на мнозинството граѓани Албанци, затоа што ДУИ никогаш не донела одлука која е против својот народ, изјавил Ахмети во интервју за Алсат М.
Во интервјуто за емисијата 200, Ахмети не ја исклучи можноста земјата да остане без влада ако не се прифатат неговите барања за унапредување на правата на албанците во Македонија. Тој вели дека кај македонските партии треба да преовладува разумот, бидејки најштетната варијанта е земјата да остане без влада.