Ахмети решава за потписите на ДУИ, средба со најтесното претседателство

Али Ахмети решава за потписите на ДУИ. На состанок со најтесното претседателство на партијата.

Потпретседателската тројка Меџити, Арифи и Бејта го информира лидерот на партијата Али Ахмети и неговите најблиски соработници за деталите од вчерашните разговори со преговарачите на СДСМ, но и какави гаранции добиле од лидерот на СДСМ Зоран Заев, за да му ги дадат потписите на нивните 10 пратеника за Заев да го добие мандатот, по што ќе почнат и суштински преговори за Влада.

Висок партиски функционер од ДУИ за Телевизија 24 не сакаше да открие кои се гаранциите, но вели дека вчерашните разговори се воделе на принципиелна основа. Порачува дека се уште се далеку од материјална и суштинска дебата околу нивните барања и етничките теми.

Истиот функционер вели дека е оптимист дека ДУИ ќе ја даде поддршката за мандатот на Заев, но сепак ќе се соочи со аргументите и на крилото кое во ДУИ беше најгласно за коалиција со ВМРО ДПМНЕ, по ставовите кои официјално ги истакна партијата дека нема потписи без договор за Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e