Ахмети: Нема никакви пречки за формирање нова влада

Новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа. Нема никакви пречки за одложување, а приоритети се реформите во судството, евроатлантската интеграција, Охридскиот договор, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и економскиот развој и отворањето нови работни места.

Ова му го соопштил денеска претседателот на ДУИ Али Ахмети на италијанскиот амбасадор во Македонија Карло Ромео, нагласувајќи дека ДУИ го почитува уставниот поредок и унитарниот карактер на земјата.

На средбата во партиското седиште, Ахмети го информирал Ромео и дека ДУИ ги поддржува измените на Изборниот законик за да се овозможи нормално функционирање до одржувањето на локалните избори и изборот на новата администрација.

Формирањето нова влада, настаните на 27 април во Собранието и локалните избори, биле темите на средбата на која лидерот на ДУИ воедно се заблагодарил за поддршката од италијанска страна и ги соопштил партиските ставови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e