Адвокатот Додевски нема да може да го брани Груевски во „Талир”. Еве зошто

Никола Додевски, адвокат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, нема да може да го брани Груевски во случајот „Талир“, бидејќи е повикан како сведок, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Од порталот појаснуваат дека Додевски во овој случај ќе биде повикан за сведок и затоа нема да може да го брани Груевски, но и Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Емил Димитриев, Кирил Божиновски и останатите шестмина осомничени за перење на 4,9 милиони евра, односно за незаконско финансирање на партијата.

Адвокатот Додевски досега се појавуваше во улога на адвокат на сите фукционери на ВМРО – ДПМНЕ во случаите кои ги поведе специјалното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e