Администрацијата ќе се оценува според планираното

Оценувањето на административните службеници ќе се одржи според предвиденото согласно законот и покрај тоа што процесот се поклопува со одржувањето на предвремените парламентани избори изјави ресорната министерка и додаде дека е политичка манипулација секое тврдење дека оценувањето може да се искористи за притисоци.

Дополнителниот заменик министер од СДСМ предложи итни законски измени за одложување на оценувањето, со образложение дека тоа може да се злоупотреби во изборен период.

Во последниот свој извештај, од мисијата на ОБСЕ и ОДИХР предупредија на притисоци врз администрацијата.

„Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР добија веродостојни наводи за притисок врз вработени во јавниот сектор да присуствуваат на контра-протести, вклучувајќи и закани за отпуштање од работа.“ – се вели во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР.

Министерката не ги коментираше овие наоди, но вели дека во меѓувреме била отворена канцеларија која работи 24 часа на примање пријави за притисоци, како и дека била формирана комисија. Посочи дека анонимните лажни пријави, повлекуваат и одговорност.

Според законските решенија веќе од декември административците треба да добијат оценки. Најдобро оценетите ќе бидат наградени парично, додека оние 5 отсто со најниски оценки – казнети. На ова законско решение веќе реагираше и синдикатот на УПОЗ.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e