– Не е морално што денеска и со узурпирање на говорницата и со зборување за Теута Арифи, која не е пратеник, ниту кандидат за член во Комисијата за избори и менување да се опструира седницата, рече Џеват Адеми од ДУИ.
Обраќајќи му се на Илија Димовски, кој претходно рече дека Арифи не направила ништо за Тетово, Адеми кажа дека е добро што тој не се кандидирал за градоначалник, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не направило ништо за Тетово.
– Ни самите не си верувате во тезите. За доброто на држава и граѓаните дајте да ја прекинеме оваа комедија, веќе имаме кандидат за претседател на Собранието. Лоше е и во очите на јавноста да бидеме комедијанти, рече Адеми.
Според Илија Димовски, Теута Арифи треба да се спомене во разговорите во парламентот, бидејќи таа била предводник на тимот кој преговарал со СДСМ.