Телохранителот на Чавков контра сведочењето на Нинџа, Василевски потоа му упати директно прашање

По краткото одложување, во Кривичниот суд продолжи судењето за крвавиот четврток. Во судот сведочи Никола Димитриевски кој бил обезбедување на Митко Чавков, на 27 април. Димитриевски рече дека Чавков на 27 април не бил во ВМРО ДПМНЕ во 18 часот, како што сведочеше минатата недела Александар Василевски Нинџа.

Според Димитриевски, Чавков во 18 часот бил во канцеларија која што ја имал во „Технометал Вардар“ и таму останал два часа. По ова, Чавков заминал во МВР каде што се задржал до полноќ, а потоа отишол во штабот на ВМРО ДПМНЕ за да се види со Тодоров. Сведокот кој сведочи по барање на Чавков претходно кажа и дека Чавков како директор на Бирото за јавна безбедност го обезбедувале 7 лица со три возила: „Мерцедес“, „Ауди“ и „БМВ“.

На 27 април, возилата ги паркирале во гаражата, а Димитриевски го чекал Чавков пред канцеларијата.

Се до 19 часот било мирно, а потоа слушал што разговарал Чавков на телефон.

„Вратата беше обична и можев да слушнам како дава команди, збореше со Митко Пешев, тогашниот началник Горан“, рече сведокот.

Александар Василевски Нинџа го испрашува сведокот на Митко Чавков откако тој сведочеше дека Чавков во времето кое Нинџа го посочи во неговото сведочење, не бил во ВМРО ДПМНЕ, туку во канцеларија што ја имал во Технометал Вардар. Нинџа праша дали паркингот во Технометал Вардар е ист со паркингот кој го користи ВМРО ДПМНЕ.

Сведокот рече дека Технометал Вардар и ВМРО ДПМНЕ користат ист паркинг.

Извор: Нова ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e