Спие на бетон, а хигиената ја одржува во блискиот ресторан. Им помага на пазарџиите, па собира по некое пластично шише, да го прикрпи утрото со ноќта. Вака поминуваат деновите на 73 годишната радовишанка Милка Хаџиевтимова. Таа живее на поткровјето од зградата на пензионерскиот дом во Радовиш, откако пред пет месеци, како што тврди, раководаството на здружението на пензионери ја исфрлило од станот.
„Јас сум од 15 јануари тука. Во фурна да ме стават, во фурна ќе живеам. Сакав само топлина.“ – вели Милка Хаџиефтимова.
Иако не била пензионерка, ниту пак примала социјална помош, милка 20 години го користела станот. Немајќи од што да живее, почнала да собира пластични шишиња и отпад, кој потоа го продавала. Колку што можеле, и помагале нејзините деца. Но, несреќата да биде поголема, починала нејзината ќерка. Тогаш почнале нејзините проблеми. Раководството на здружението донело одлука станот да се исчисти од работите на Милка. Тие велат дека исфрлиле огромна количина ѓубре, но според Милка, многу вредни работи и биле исфрлени и украдени.
„И нејзините работи тука ги донесов, да бидат со мене, ако ми се случи нешто.“ – вели Хаџиефтимова.
Од здужението велат дека Хаџиевтимова не е исфрлена од станот. И покрај тоа што немала законско право да го користи, тие и го овозможиле тоа. Но, наместо место за живеење, таа станот го претворила во магацин.
„Да си живее тука, не и бараме пари, јас гарантирам дека тоа нема да се случи.“ – вели Костадинов.
Почнале да реагираат и другите станари, сметајќи дека живеалиштето на Милка е извор на зараза. Претседателот Костадинов стравува и за безбедноста на зградата, бидејќи на Хаџиевтимова и била исклучена струјата, па често живеела на свеќи.
„Имаме желба да го помогнеме тоа, но јас не сум одговорен ако биде поплавена или се јави епидемија, тогаш ќе ми дојдат другите интиотуции што сум превземал.“ – вели Костадинов.
На Милка Хаџиевтимова едиствено и помагаат соседите. Тие често апелирале до здружението дека исфрлање од станот не е решение за проблемот. Од друга страна, претседателот вели дека мора да ги штити интересите и на останатите станари. На потег е државата, преку центарот за социјални работи, кој треба да се вклучи во решавањето на овој проблем.
Извор: ТВ 24