Јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска на прес конференција ги соопштија деталите од предистрагата за осомничените кои го организиурале упадот во Собранието од 27 април и за кои од вчера почнува истрага.
-Во наредбата за истрага стои дека осомничениот Н.Г. тогаш како претседател на политичка партија ги повикал преку медиуми граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција целата структура на таа политичка партија. Имаме и пораки, дел се обезбедени, за дел се уште се работи, рече Русковска.
Говорејќи со иницијали за осомничените, Рускоска посочи дека, за цело време меѓу Груевски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски течела координација меѓу нив и градските, месните, општински комитети каде се давале насоки и се повикувало членството. ПИ мерки не биле користени.
Во однос на дополнување на барањето за екстрадиција на двајца од осомничените кои се во бегство, бидејќи се работи за истражна постапка доказите кои се кај ЈО за организиран криминал и корупција ќе бидат испратени до судот, бидејќи судот е тој што обезбедува докази и испраќа барање за екстардиција до Министерството за правда, појасни обвинителката.
Бошкоски не е амнестиран за 27 април и може дабиде екстрадиран
И за осомничениот Никола Бошкоски, кој е во Грција ќе важи истото како и за Груевски кој е во Унгарија.
-Сметам дека надлежните органи во Грција ќе удоволат на барањето за екстрадиција на нашите надлежни органи, бидејќи колку што ми е познато, екстрадицијата беше одбиена, бидејќи за тоа веќе бил помилуван. За ова кривично дело не е помилуван и затоа очекувам позитивен одговор, рече Русковска.
Таа појасни дека во Законот за аменстија не е наведено дека се амнестира кривичното дело туку поединечни дејствија. Затоа смета дека Законот за амнестија не би бил каква било пречка, бидејќи таму е стрикно наведено дека тој не важи за организаторите.
Русковска: Доколку вратите не беа отворени, немаше да се случи крвавиот настан
На прашањето зошто Груевски не бил повикан на распит, иако уште во март лани кога беше објавено обвинението за 27 април бил споменат телефонскиот разговор од Виена, Јовески одговори дека обвинителството смета дека во овој специфичен и сложен предмет му требаа повеќе докази и откако оебзбеди, отвора истрага. Во тој момент ОЈО сметало дека со тој распит немало да со добие ништо и затоа тоа лице не е повикано ни како сведок ни како лице од кое се бара појаснување.
На новинарско прашање, дали смета дека доколку вратите не биле отворени, немало да се случи крвавиот настан, Рускоска изјави.
-Јас сметам дека доколку не беа отворени, вратите немало да се случи крвавиот настан.
Рускоска најави дека доколку се обезбедат и други докази освен изјава на еден обвинет или еден сведок., истрагата ќе биде проширена и до други.
Исто така беше најавено дека предметот за Владимир Атанасовски, екс пефот на УБК ќе биде споен со овој сите ќе се товарат за исто кривично дело- 313 од КЗ.
Ниту јавниот обвинител Јовески, ниту Русковска не сакаа да говорат во детали за улогата на секој од осомничените поединечно, бидејќи како што рекоа, со тоа би ја загрозиле целата постапка и истрага.
На осомничените им е одреден притвор поради опасност од бегство.
Извор: Нова ТВ
