Лутите противници влезени во бомбашката битка од 2015, и во 2016 влегоа со вкрстени копја. Груевски и Заев годината ја почнаа со меѓусебни обвинувања за корупција како и со реторика дека противникот се плаши од избори.
Груевски на почетокот на годината поднесе оставка на премиерската функција, на која се уште не е вратен, а Заев на крајот на годината назначи заменик градоначалник на Струмица без да каде дали тоа значи дека тој се подготвува за доскорешното место на Груевски.
И двајцата партиски лидери годинава седнаа во судница, Заев за процесите кои што му го отвори обвинителството на Зврлевски, за случаите „Поткуп“ и „Пуч“ а Груевски го почуствува истото чувствто после процесите кои ги отвори СЈО.
Груевски и Заев исто така се обвинија за иста работа, дека спровеле државен удар. Заев со странските служби а Груевски со аболицијата на претседателот Иванов.
После многу рејтинзи и мерење на доверби кои покажуваа двојна или тројна предност, изборите во Декември ги изедначија партиите на Груевски и Заев, и гладијаторите од политичката арена ги ставија во нов клинч.
Она што изненади е изјавата на Заев дека со Груевски не биле толку скарани како што се мисли во јавноста.
„Јас и Никола руевски не се гледаме преку нишан на пушка.Немаме вперени пушки меѓу нас. Ние седнувавме на маса, разговаравме, баравме решение. Ние бевме дури и во телефонска комуникација на денот на молкот, за време на кампањата,“ изјави Заев.
Груевски пак остана верен на своите ставови.
„Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешните политики на земјата. Тоа мора да запре,“ изјави Груевски.
Ако со песна треба да се честита Новата година, ова е пораката за Груевски и Заев.
Извор: 24 Вести