Секоја држава во светот има спроти неа своја мафија, само во Македонија добри десет години криминалците т.е. мафијата си имаа своја држава.
И точно е што вели босот на злосторничкото здружение – а.д. ДРПМНЕ, ако тие се држава, ако тие се “Македонија“( а тие тоа апсолутно го мислат за себе ) конечно и се “поткопани темелите„, и таа апашко-крвописка империја почнува да се урива! Така да мене, како и на поголем број на граѓани на Р. Македонија, им е кристално јасно што стои во позадината на повикот за војна од диктаторчето Грујо, повик кој беше copy paste на изјавите на неговиот идол С.Милошевиќ ( особено пред неговото заминување во Хаг )… …
И јасно ми е дека сега по нашите улици маршира дел од пара-војсаката која ја создаде Змијалков,така што целото криминално подземје го стави под свое крило, така што ги вработи по негови агенции за обезбедување, во ДБК, во полиција, и ги остави да продолжат да се бават со шверц, кражби, дилање, и секаков облик на поситен криминал, секако под негово туторство и водство… а и секогаш му беа добродојдени, за “валканици“ од секаков тип – изборни уцени, притисоци, рекетирање “непослушни“ бизнисмени, претепување, следење, и секаков тип на мобинг и притисок врз новинарите, политичките неистомисленици, граѓански активисти и сл.
На овој марш присуствуваат и сите оние партиски послушници, кои како единствена квалификација, за расководното место што го добиле им е партиската книшка, тие кои не сакаат повторно да се издигне, од нив урнатата и прегазената, вредносната вертикала на рангирање по стручност, квалитет, дела, морален интегритет – оти тие, дури многу подобро од било кој, знаат колку е голем нивниот НЕ квалитет во професијата со која се бават, и знаат дека во ни една друга поинаква и по чесна општеатвена конотација, тие не можат ни да сонуваат за позициите на кои се наоѓаат..
Се подразбираше дека гласноговорници на маршот, ќе бидат оние исти чанколизци, мегафони, дворски шутови на царот Николај и џелатот Змијалков, токму тие кои се главни виновници што овој режим траеше толку години, а еве ги – од петни жили се обидуваат, да му го продолжат животот, да го повампират “мртовецот“… Тоа е таа, пропагандата машинерија на Груевски, најмоќното оружје на секој диктатор – Тие мегафони и нивните “другарќиња“, “привезоци“, “уштровеници“, “соработници“ и сл. – десет години безобразно се користат со нај лигав облик на розов популизам! Се обидоа од исфрустрирано човече да создадат светец, да од убиец, апаш, човек кој топтан би не продал сите нас, на некој тендер, ако му се понуди добра провизија – е од него сега тие сакаат да направат маченик!?? А од друга страна мошне вешто се користат со нај недоличното во нивната професија – спинување, етикетирање, жигосување, дискриминирање – ТИПИЧНИ МЕТОДИ НА ФАШИСТИЧКА ПРОПАГАНДА!
Нај безобразно го манипулираат обичниот народ со голи лаги, го трујат со нај безобразен облик на национализам и фашизам, сеат стртав, при тоа користејки деветнаесетовековна реторика, небулозно тврдејки дека токму таквата “реторика“ ќе не одведе во подобра иднина!?!
Целата колумна на Југослав Петровски прочитајте ја тука