“Обновување на старите и изградба на нови водоводни мрежи во населба Аеродром е потребно, вели Златко Марин, кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром.
“Високите зони во Аеордром и Ново Лисиче немааат вода и по 24 часа. Преоптеретените водоводни мрежи се директна последица од непланското градење и погрешните буџетски приоритети на Ивица Коневски и сегашното раководство на општина Аеродром. Водоводна мрежа во делови на Аеродром е стара и повеќе од 50 години. Наместо да се постават функционални водоводни и канализациони мрежи, новите згради се приклучуваат на веќе постоечките, кои го немаат потребниот капацитет за драстично зголемениот број на станови.
Ваквите проблеми мора да ги оставиме во минатото. Нова и функционална водоводна мрежа за цел Аеродром!” , пишува Марин на својот Фејсбук профил.