Златко Марин организира дискусија за подобри услови на уличните животни и домашни миленичиња

Златко Марин, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ за Oпштина Аеродрoм, организира дискусија за мерки кои ќе овозможат подобри услови за уличните животни и домашни миленичиња. Воедно тој ги поканува сите заинтересирани да се вклучат во настанот.

Во продолжение проследете ја поканата интегрално:

Драги љубители на животни,

Ве поканувам на дискусија за заедно да утврдиме конкретни мерки кои ќе овозможат подобри услови за уличните животни и домашните миленичиња во општина Аеродром. Средбата ќе се одржи во понеделник во 19:00 во штабот на СДСМ Аеродром, во Т.Ц. Три Бисери (во старите простории на ресторанот Три Бисери) и е отворена за сите заинтересирани. Се гледаме!

21728265_1916209605311989_1595039775482110255_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e