Златко Марин: Борбата за подобар живот продолжува и на локално ниво

Во текот на вчерашниот ден џиновска векна леб беше поставена на малиот плоштад на автобуската станица во близина на Соборниот храм во Центар, за да ги потсетат минувачите дека голем број на нивни сограѓани преживуваат од ден во ден под прагот на сиромаштијата. Настанот го објавија голем број на медиуми како тема која заслужува големо внимание.

Своја поддршка даде и кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на СДСМ, Златко Марин кој слоделувајки линк од еден од порталите ја истакна својата поддршка за граѓанските иницијативи, наведувајки дека тие треба да бидат корективот на власта и општеството.

“Како и досега, остануваме отворени за дополнителни предлози. Што се однесува до урбаните уметници и граѓанските здуженија, можам само да ги поздравам и да им порачам да продолжат вака. Тие се и треба да бидат лектор и коректор на секоја власт”, порача Марин.

Марин истакна дел од мерките на централната власт со кои се решава овој проблем и наведе дека како што централната власт се бори со конретни мерки на централно ниво така и тој како иден градоначалник ќе ја продолжи борбата за подобар живот на локално ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e