Вчера околу 17 часот, припадник на планинарската спасителна служба „Црвен Крст“ од Охрид, на патеката што ги поврзува селото Горно Коњско и Лагадин, пријавил дека пронашол безживотно тело на женско лице.
Според првичните информации, врз телото на жената немало видливи траги на насилство.
На местото на настанот излезен е Јавен обвинител, и ќе биде извршен увид, кој треба да даде одговор на деталите и причините за смртта.