Зголемен водостојот на Пчиња, Црна Река и на Вардар кај Скопје, Велес и Демир Капија

Денеска реките Вардар кај Скопје ЖМ, кај Велес, кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци имаат повисоко ниво во однос на просекот за октомври, покажуваат најновите хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Пониско ниво во однос на октомврискиот просек имаат реките Вардар кај Јегуновце, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце, Брегалница кај Штип, Струмица кај Ново Село, Црна Река кај Р.Б. Мост и Црн Дрим кај Ложани.

Нивото на Дојранското Езеро е минимално зголемено во однос на просекот за октомври, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се во рамки на просекот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e