Од ЈО Комуналец – Крива Паланка информираат дека Зелениот Градски пазар ке биде отворен на 30 април 2020год.(четврток) од 07:00 до 13:00 часот со насока за придржување на мерките кои ги дава Владата, Министерство за здравство и Општинскиот кризен штаб, а во насока за превенција од вирусот КОВИД-19.
ЈП Комуналец укажува дека:
На пазарот ќе биде дозволено да се продаваат само земјоделски производи од регионот на Крива Паланка и Ранковце.
Продажбата на производи ќе се врши исклучиво во затворениот дел на градскиот пазар.
Сите продавачи на артикли мора да се придржуваат до упатството за минимална оддалеченост на тезгите од 2м и по еден купувач на тезга .
За сите е задолжително да носат заштитни маски и ракавици.
Забраната за продажба на останати продавачи кои доаѓаат од други градови и за друг тип на артикли останува во сила додека трае вонредната состојба.
ЈП Комуналец ќе преземе мерки за заштита со поставување на дезинфекциони средства на самите влезови на пазарот.
Остануваат препораките за движење на постарите лица над 67 години до 12.00 часот кога за нив започнува полицискиот час.
Ги замолуваме граѓаните да не се собираат во групи и строго да се придружуваат согласно препораките на надлежните инсттуции, порачуваат од ЈП Комуналец.