Започна доградбата на ООУ “Гоце Делчев“ во општина Центар

Општина Центар ја почна доградбата на основното училиште “Гоце Делчев“ на површина од 532 м2.

Учениците ќе добијат шест нови училници, три помошни простории, а дел од зафатот и поставување на лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот. Со реконструкцијата, училиштето ќе има сутерен, приземје и два спрата и многу подобри услови за образование.

ООУ-Гоце-Делчев-(4)

Директорката на училиштетот, Наде Молеровиќ, се заблагодари за поддршката од општина Центар и рече дека ова училиште ќе биде центар на радоста, животот и образованието.

ООУ-Гоце-Делчев-(2)

“Училиштето ‘Гоце Делчев’ ќе биде современо и училиште по највисоките европски стандарди. Не само ова, туку и сите центарски училишта и градинки ќе добијат најдобри услови за воспитување, престој, забава и образование на младите“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

ООУ-Гоце-Делчев-(1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e