Во текот на вчерашниот ден жител на скопската населба Драчево и жител на општината Шуто Оризари пријавиле во полиција дека пронашле залутани зрна од огнено оружје.
На 16.07.2020 во 07.30 часот во Полициската станица Драчево, С.Ф.(70) од Скопје пријавил дека околу 07.00 часот на терасата од неговата куќа на ул.„Китка“ пронашол зрно од огнено оружје, а била оштетена и лимената кровна конструкција. С.Ф. го предал зрното на полициски службеници во Полициска станица Драчево.
Истиот ден Ф.И.(66) од Скопје околу 21.00 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на терасата од неговата куќа на ул.„Вашинтонска“ пронашол залутано зрно од непознато огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што пријавителот им го предал залутаното зрно и според пријавеното нема оштетување, ниту повредени лица.
Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.