Загина жена во тешка сообраќајна несреќа на наплатната рампа кај Тетово

Утрово во 06.45 часот на автопатот Тетово-Гостивар кај наплатната рампа кај Тетово  се случи страшна сообраќајна несреќа во која загина едно лице, 51-годишна жена од Кичево, јави Слободен печат.

Сообраќајката е необична затоа што двете возила се судриле на самата наплатна рампа, практично меѓу две кабини, пушува Слободен печат.

Загинатата жена е од Кичево, а возела автомобил Мерцедес со охридски регистарски таблички. Другото возило во кое имало тројца патници е марка Фолсваген туарег од Дебар, а го управувало 37-годишно лице. Патниците во туарегот се тешко повредени и префрлени во тетовската болница каде се задржани на лекување.

Неофицијално возилата била во иста лента, напред Туагерот, а позади Мерцедесот. Истрагата ќе треба да каже дали Мерцедесот се движел со преголема брзина, па не можел да закочи и директно удрил во Туарегот, пишува Слободен печат.

56158430_566154420543672_7908704743940161536_n-2-696x928

Извор и фото: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e