За концертот на Грашо се продале 2.000 билети иако требало само 600, следува одговорност

Државниот пазарен инспекторат констатирал дека протоколите за заштита од ковид 19 биле прекршени на концертот на Петар Грашо во Битола и најавува соодветен поднесок, пренесе ТВ 24. Од пазарниот инсекторат од Битола за телевизијата истакнале дека на почетокот на концертот се било според пропишаните протоколи, но откако тие заминале работите се промениле.

-Првичниот записник е направен во 21.30 часот, кога се беше во ред – влез, сместување на посетителите, се беше во ред. Пазарните инспектори си заминаа, не можеме ние да седиме цел концерт. Подоцна добивме најава дека преминало во журка, па е составен нов записник и ќе следи соодветен поднесок – посочиле од инспекторатот.

Инаку, за концертот биле продадени повеќе од 2.000 билети, иако дозволено било присуство само на 600 посетители. Сепак, од продукцијата “Прагма”, организатор на концертот, изјавиле дека протоколите не се прекршени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e