Министерството за здравство денес информираше дека во последните 24 часа направени се 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19.
Починати се 6 пациенти, меѓу кои и едно лице од Крива Паланка на возраст од 63 години.
Според завршените епидемиолошки анализи во Крива Паланка досега има 60 заразени лица од кои активни се 19.
Од вторникот позитивен на вирусот е и првиот човек на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Поради ваквата состојба општината е затворена и нема да работи до среда, деветти септември, а вчера состанок одржа и општинскиот кризен штаб.
Во општинската зграда беше направена вонредна дезинфекција, а кризниот штаб донесе препораки и за продолжување на засилените контроли од страна на инспекциските служби на локално ниво во однос на почитувањето на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.