ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПАНИКА: Каснат платите во ЈП Комуналец од Кр.Паланка

Граѓани на Крива Паланка, вработени во Јавното претпријатие Комуналец се обратија до И-портал со известување дека сеуште немаат добиено плата.

Вработените се во страв дека можеби претпријатието е во лоша финансиска состојба по обелоденувањето како актуелното раководство трошело пари за непродуктивни цели, репрезентации, скапи ручеци по кафани и др. Лошата финансиска состојба во Комуналец, според вработените била вештачки криена поради одржувањето на локалните избори.

Пред извесно време претседателот на ОО СДСМ Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој сега е избран градоначалник, на јавноса и обелодени сметки од кои можеше да се види како директорот Томе Тодоровски од службена сметка си купувал фенови, пегли и скапи душеци.

Тогаш Тодоровски најави тужба против Мицевски но судот ја одби како неоснована со што се потврди сомнителното раководење со ова јавно претпријатие.

Во моментот, во ЈП Комуналец има огромен број на вработени со договор на дело, тоа се лица кои досегашната локална власт ги користеше како гласачка машинерија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e