(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Објавена снимка од сообраќајката на патот Куманово – Свети Николе

На интернет-платформата Јутјуб вчера е објавен видеозапис од тешката сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, близу селото Скачковце. Во судирот меѓу две возила, „шевролет спарк“ и „бе-ем-ве“, беа повредени четири лица.
Ова ретко видео од македонските патишта покажува како неодговорното возење го загрозува животот на сите учесници во сообраќајот.

Настанот го имаше и во денешниот билтен на МВР.

„На 19.07.2020 околу 15:00 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе, кај с. Скачковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘шевролет спарк’, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З. (21) од с. Скачковце, Кумановско, и патничко возило ‘бе-ем-ве’, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш. (30) од Куманово. По незгодата, Ш.Ш., М.З. и сопатниците од патничко моторно возило ‘бе-ем-ве’, Г.Ш. (31) и Н.Ш. (62), двајцата од Куманово, биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово“, стои во дневниот билтен на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e