Железничкиот сообраќај од Скопје кон Гевгелија е во прекин откако товарен воз удрил во карпа и излетал од пругата недалеку од станицата „Рајко Жинзифов“ кај Велес. Во несреќата се повредени машиновозачот и уште едно лице коешто било во локомотивата. Возот удрил во карпа што се одронила од брегот и застанала на пругите.