Повторно е забележано заматување на водата во Крива Река. Видеоснимки и фотографии објавени од порталот Инфомакс и граѓани на социјалните мрежи покажуваат значително затемнета вода, што предизвика нови сомнежи за еколошки инцидент.
Неофицијално причината за заматувањето повторно е хаварија во рудникот Булмак во Тораница.
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски последниот пат кога се случи ваква еколошка катастрофа сам зема мостри од водата од Крива Река која согласно тогашните резултати не смееше да се користи за ништо.
Митовски поднесе и кривична пријава против одговорните лица во рудникот која досега се уште не е процесуирана.
Не само што власта не ја процесуираше пријавата туку директорот на Булмак, Тони Тоневски го кандидираше за кандидат за градоначалник на Пробиштип.