Средното стручно училиште „Марија Кири-Склодовска“ – Аеродром ги кани учениците кои не успеале да се запишат во средно образование во првиот уписен рок, тоа да го сторат на вториот уписен рок за претстојната учебна 2020/21 година кој ќе биде следните среда и четврток.
24 јуни (среда) и 25 јуни (четврток), од 07:00 до 19:00 часот во училиштето ќе се вршат уписи за следниве образовни профили:
Хемиски лабараториски техничар – слободни 23 места
Техничар за козметички и хемиски производи – слободни 15 места
Техничар за заштита на животна средина – слободни 24 места
Техничар за очна оптика – слободни 46 места
Болничар/Неговател – слободни 27 места
Уписите, поради ситуацијата со корона вирусот, ќе се реализираат согласно протоколите пропишани од надлежните, односно учениците ќе треба да носат заштитна маска, да одржуваат растојание од 2м, да ги дезинфицираат рацете на влез и излез од училиштето, а со себе да ги понесат потребните документи за упис:
„Марија Кири- Склодовска“ нуди современи лабаратории опремени со технологија која на идните средношколци ќе им биде на располагање да истражуваат, креираат, пронаоѓаат, велат од училиштето, додавајќи дека наставниците и стручниот персонал безусловно даваат поддршка и знаеања во остварувањето на идеите.
Повеќе за условите за учење и образовните профили кои ги нуди училиштето на следниов ЛИНК.